Многу мал број пушачи знаат што навистина содржат цигарите што ги пушат, а сега голем број од нив се шокирани од фактот дека дури и во цигарите може да се најде – шеќер!
Мал број луѓе знаат дека шеќерот го зголемува количеството отрови во чадот од цигарите, според авторите на истражувањето објавено во списанието „Никотински и тутунски истражувања“.
Со цел да се едуцираат пушачите и да се запознаат со што доаѓаат во контакт, истражувачите поставија две прашања на кои требаше да одговорат 4 350 испитаници. Тоа се: „Дали на цигарите им се додава шеќер?” и „Додавањето шеќер во цигарите го зголемува количеството отров во тутунскиот чад. Дали некогаш сте слушнале за шеќер во цигари пред овој прашалник?
Само 5,5% од испитаниците знаеле дека кај цигарите може да се најде и шеќер, а само 3,8% од испитаниците знаеле дека шеќерот е исклучително токсичен за организмот. Речиси ниеден пушач кој учествувал во истражувањето не знаел за шеќер во цигарите.
Адитивите, како што се шеќерот и медот, можат да го ублажат горчливиот вкус на тутунот. Тие ги прават цигарите попривлечни, создаваат поголема зависност, но и ги прават многу смртоносни. Цигарите се толку опасни што многу е тешко да се наведат сите штетни последици што можат да ги предизвикаат. Научниците постојано откриваат некои нови штетни ефекти за кои никој претходно не чул.