Жител на Камењане уценувал соселанка со која порано бил во љубовна врска
Против Ф.А.(46) од село Камењане, тетовско, СВР Тетово поднесе кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „уцена”.
Како што соопшти МВР, во текот на септември и октомври 2018 година пријавениот на жена од село Камењане, тетовско, со која претходно бил во љубовна врска, во повеќе наврати и се заканувал дека доколку не ја продолжи љубовната врска, на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии и видео записи со непристојна содржина.