Роџер Федерер откри дека добил покана да настапи на егзибициониот меч во Саудиска Арабија, но дека одбил да присуствува.
На натпреварот, кој треба да се одржи на 22 декември во Џеда ќе се сретнат Новак Џокович и Рафаел Надал , но нивниот настап е под знак прашалник.
Саудиски новинар беше брутално убиен во саудиската амбасада во Истанбул, поради што оваа земја е на удар на критики, а јавноста иснистира тој тениски натпревар да не се оддржи.Досега не беше познато кои тенисери биле повикани на овој настан, но швајцарскиот тенисер откри дека бил еден од поканетите.
Британски тениски новинар , пренесе дека Федерер на конференцијата во Париз пред почетокот на турнирот во тој град изјавил дека организаторите му упатиле повик кој морал да го одбие.
Не е откриена причина зошто Роџер ја одбил поканата, како и тоа кога точно се случило тоа.