Ако си легнувате подоцна од 23 часот внесувате повеќе калории

Квалитетниот сон од осум часа не е доволен. Времето кога легнувате да спиете исто така има важна улога во одржувањето на здрава телесна тежина и во напорите за слабеење, покажуваат истражувањата.

Со помош на апликација што ги забележува податоците за секојдневното вежбање, спиење и внесување храна и алкохол, беше откриено дека луѓето кои легнуваат по 23 часот внесуваат во просек 220 калории повеќе од луѓето кои легнуваат порано на спиење.

Според податоците, луѓето кои си легнуваат пo 23 часот најчесто внесуваат брза храна и алкохол, кои секако не помагаат во слабеењето и одржувањето на здрава телесна тежина.

„Луѓето кои порано легнуваат да спијат главно и се хранат поздраво, односно имаат поздрави животни навики. Добиените податоци ги потврдуваат претходните истражувања што покажуваат дека луѓето кои јадат доцна навечер, внесуваат храна што содржи повеќе масти и шеќери“,  се вели во истражувањето.

„Се надеваме дека ова јасно укажува колку е важен квалитетниот сон во вистинско време, како и правилниот распоред на оброците“, се додава во истражувањето.

Треба да знаете
Последни објави