Времето ќе биде облачно со температури до 26 степени

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за појава на краткотраен дожд претежно на западот и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 21 до 26 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб југоисточен ветер. Температурата до 24 степени.

Продолжува периодот на умерено облачно и топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе опаѓаат.

Треба да знаете
Последни објави