Дали сте знаеле дека свежата зелка содржи најважни елементи за одржување на биолошката рамнотежна на организмот?
Освен што ја спречува авитаминозата, ја лекува слузокожата на органите за варење, а топлата супа од зелка, го олеснува искашлувањето и ја смирува надразнетоста на хранопроводот. За слабокрвните лица се препорачува сирова зелка или варена на пареа, бидејќи содржи изобиство од неопходни минерални соли, витамини, како и хлорофил.
Во народната медицина сокот од зелка се препорачува како терапија на чир во желудникот. Овој лековит напиток би требало да се консумира меѓу оброците, а доколку предизвикува пречки при варењето, еден час после јадењето. Во тој случај, пред оброкот треба да се испие чај од камилица и ким.
За да добиете сок, исецкајте 500 гр зелка, сомелете ја, малку посолете ја и оставете ја да отстои. Потоа исцедете ја зелката преку газа, а сокот чувајте го во фрижидер.
Супата од зелка подгответе ја на следниот начин: во тенџере загрејте 3 супени лажици масло, кратко запржете 2 супени лажици брашно, па додадете исецкани листови од зелка. Помешајте и залијте со вода до саканата густина. Варете ја со додаток на ловоров лист, бибер и биозачини. Кога зелката ќе омекне, додадете чешче исецкано лукче, листови од магдонос и целер и 2 супени лажици кисела павлака