Највалканото место во авионот е токму она со кое сите доаѓаме во контакт. Поради густиот распоред на летање многу авиони не стигнуваат на време да бидат исчистени и подготвени за нови патници.
Резултатите од истражувањето , покажуваат дека најмногу бактерии во авионите има на наслонот за глава. Во истражувањето се земени примероци од наслонот за глава, појасот за врзување, седиштата и кваките од внатрешната страна на тоалетите.
Во примероците се пронајдени траги на ешерихија коли и тоа на седиштата, што е доказ за фекална контаминација.
За среќа, шансите за инфекција се многу мали, но доколку сте гадливи секогаш носете си средство за дезинфекција во рачниот багаж.