Најдобрата храна за луѓето кои многу седат

Ако вашата работа е канцелариска тогаш веројатно минувате многу време во седење. Тоа можеби на прв поглед не изгледа штетно, но долгото седење е поврзано со низа здравствени проблеми како висок шеќер во крвта, дебелина и високо ниво на холестерол.

Најдоброто нешто што може да го направите е да се движите цел ден, но ако не можете тоа да го правите тогаш негативните ефекти од седењето може да ги ублажите со здрава исхрана.

Оваа храна е најдобра за луѓето кои многу седат:

1. Грицкајте јаткасти плодови

Направете си микс од ореви, лешници, бадеми, леблебија, ф’стаци, индиски орев и слично. Оревите содржат омега 3 масни киселини, а бадемите содржат витамин Е. Според резултатите од сегашните истражувања, доволно е 60 г бадеми дневно за да се заштитите од дијабетес и кардиоваскуларни болести.

2. Лук

Лукот го регулира нивото на шеќер и масти во крвта. Покрај тоа, го поттикнува варењето, ги олеснува воспаленијата и тромбозата. За да почувствувате ефект секојдневно мора да јадете барем едно чешне лук. Непријатниот мирис може да се отстрани со чаша млеко или мастика за џвакање.

3. Авокадо

Авокадото има најголем процент на масти, неговите незаситени масни киселини ги перципираат мускулните клетки како здрави и се борат против мастите околу стомакот. Авокадото може да го јадете како салата со друго овошје или може да го наполните со темно чоколадо за десерт.

4. Маслиново масло

Консумирањето маслиново масло е одличен начин да се заштитите од зголемениот ризик од срцеви заболувања. Исто како оревите, и маслото има маснотии кои го штитат срцето и ја зголемуваат долговечноста.

5. Зрнесто овошје

Боровинки, јагоди, малини, капинки, рибизли, аронија и слично се сметаат за супер храна и тоа од многу добра причина. Содржат флавониди кои помагаат во борбата против слободните радикали. Исто така се богати со витамини и минерали

Треба да знаете
Последни објави