Лукот е секогаш корисен и често го препорачуваат за подобрување на имунитетот, но и за други здравствени придобивки. Но, дали знаете што ќе се случи ако изедете лук на празен желудник?
Според науката, јадењето лук на празен стомак ја зголемува неговата ефикасност како природен антибиотик. Лукот содржи околу 400 активни материи, богат е со витамини и минерали.
Во споредба со најдобрите антибиотици има дезинфекционо, антибактериско и фунгицидно дејство. Најважната состојка на лукот е ахоинот чиј ефект е подобар од дејствувањето на аспиринот. Со редовна примена се намалува зголемениот крвен притисок, маснотиите во крвта, се олеснува протокот на крвта и слично.
Го штити организмот од слободни радикали и е одличен антиоксиданс.
Во минатото, лукот бил користен во медицински и здравствени цели. За неговата моќ биле запознаени античките цивилизации меѓу кои Египќаните, Вавилонците, Грците, Римјаните и Кинезите.
Научниците сега знаат дека повеќето здравствени придобивки произлегуваат од сулфурните состојки кои се формираат кога свежиот лук е исечкан или згмечен.