Борисов ги пречека Ципрас, Вучиќ и Данчила на четиристраната средба

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ги пречека премиерите на Грција и Романија, Алексис Ципрас и Виорика Данчила, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кои ќе учествуваат на четиристраната средба меѓу Бугарија, Грција, Романија и Србија.

Како домаќин на настанот бугарскиот премиер им заблагодари на колегите за сериозната посветеност кон овој формат што прераснува во традиција. Според Борисов, фактот дека денеска се одржува втор состанок во изминатите шест месеци е доказ за продуктивноста на овој формат, кој придонесува за продлабочување на регионалната соработка и за развој на добрососедските односи.

„Нашите четири земји делат заеднички одговорности за зајакнување на безбедноста, економскиот развој и поврзувањето на регионот“, истакна бугарскиот премиер пред своите колеги пред почетокот на состанокот, пренесе бугарската новинска агенција .

Борисов изрази уверување дека денеска разговорите за проектите од заеднички интерес ќе продолжат, така што во оптимални рокови ќе се реализираат постигнатите договори, со цел обезбедување на поврзување, безбедност и стабилност во регионот на Југоисточна Европа.

Според премиерот, присуството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху исто така ќе биде во интерес на плоден мултилатерален дијалог.

Треба да знаете
Последни објави