ДЗС вработува раководител, четворица пилоти и двајца механичари

ДЗС вработува раководител, четворица пилоти и двајца механичари

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) вработува четворица пилоти, раководител на oдделение за специјализирани услуги со воздухоплови и двајца воздухопловни механичари.

Во денеска објавениот оглас за вработување на неопределено време се пропишани посебните услови и работни компетенции што треба да ги исполнуваат кандидатите.  За позицијата раководител на одделение износот на платата е 71.980 денари,  пилотите ќе добиваат по  62.342 денари, а воздухопловните механичари  по 36.163 денари.

Пријавите за огласот може да се достават во наредните осум дена (15 ) преку архивата на Дирекцијата за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Треба да знаете
Последни објави