Прв пораз на „Бакси“, 41 поен на Ембид

Кошаркарите на „Бостон Селтикс“ постигнаа 24 тројки во победата против „Милвоки Бакс“ од 117:113 што е нов рекорд за тимот, или една тројка помалку од рекордот на лигата. Ова беше прв пораз сезонава за „Бакси“ по седум победи па повеќе нема непоразени екипи во НБА.

Најефикасни кај домаќините беше Кајри Ирвинг со 28 поени, седум асистенции и три скока, како и Ал Хорфорд со 18 коша, осум асистенции и пет скока. За „Милвоки“ Џанис Антетокумпо одигра уште еден одличен натпревар со 33 поени, 11 скоа и две асистенции, но немаше доволна подршка од соиграчите.

„Кливленд Кавалирс“ останаа на само една победа откако на домашен терен беа поразени од „Денвер Нагтс“ кои со „Бакс“ и со „Голден Стејт“ се најефикасни во лигат со седум победи и по еден пораз.Гостите славеа со 91:110, а најефикасен беше Хуан Хернангомез со 23 поени, а на спротивнат страна Џордан Кларксон со 17 поени.

Ѕвезда на вечерта беше Џоел Ембид, кој постигна 41 кош и додаде 13 скока во победата на „Филаделфија 76ерс“ на домашен терен против „ЛА Клиперс“ со 122:113. На спротивната страна тројца кошаркари уфрлија над 20 поени- Данило Галинари 25 со осум скока, Лу Вилијамс запиша 26, а Тобиас Харис 24 со осум скока.
Тимот на „Оклахома Сити“ полека влегува во серија и ја запиша третата победа по ред на гостувањето кај „Шарлот Хорнетс“ со 107:111.На Расел Вестбрук му недостигаа два скока за трипл-дбл учинок, а запиша десет асистенции и 27 коша.Кај домачините најефикасен беше Кемба Вокер со 21 поен, шест скока и пет асистенции.

Во останатите натпревари, „Сакраменто Кингс“ славеше на гости кај „Атланта Хоукс“ со 115:146, а „Портланд“ на домашен терен беше подобар од „Њу Орлеанс“ со 132:119.

Треба да знаете
Последни објави