Ужасно: Затвореник побара да го погубат на електрична столица – го избра овој метод како побрз за умирање
Во американската сојузна држава Тенеси денеска на електрична столица ќе биде погубен затвореник.
Едмун Загорски е осуден за двојно убиство во 1984 година и ќе биде второ лице погубено во Тенеси уште од 1960 година.
Дерил Холтон во 2007 година одбра да биде погубен на електрична столица, а сега тоа го посака и Загорски. Тој одбра да биде погубен на овој начин бидејќи неговата тужба за протоколот со смртоносна инјекција отфрлена
Неговите адвокати сооштија дека Загорски верува дека смртта во електрична столица ќе биде побрза, но останува при ставот дека и електричната столица и смртоносната инјекција се неуставни методи за погубување.
Во САД последен пат е погубен затвореник на електрична столица во 2013 година во сојузната држава Вирџинија.