Повеќе од 85% од луѓето во Америка редовно консумираат кофеин, па не е нималку чудно утрата да ги асоцираат на мирис од свежо кафе.
Но, сепак нутриционистите велат дека рано наутро можеби не е највистинско време да го испиете кафето, доколку сакате да се чувствувате разбудено и прибрано во остатокот од денот.
Кафето веднаш после будење може да ве направи нервозни и премногу активни, не многу долго откако ќе го испиете, но исто така може да ве направи и многу уморни од сè, само неколку часа подоцна.
Секако треба да го ограничите внесувањето на кофеин веднаш штом ќе ги отворите очите, тврдат нутриционистите. После будење, организамот само по себе почнува да произведува кортизол, тоа е хормон кој предизвикува стрес. Ако на тоа му додадете кофеин, кој го предизвикува истото, толу кортизол наеднаш едноставно може да биде премногу.
После неколку часа, кога двојната количина на кортизол ќе се потроши, настапува чувството на замор. Затоа, се препорачува утринското кафе да се пие неколку часа после будење.
Напијте се кафе, кога телото ви произведува помалку кортизол, а тоа е три до четири часа после будење.
Може да се каже дека претпладне или раното попладне е најсоодветно време за кафе. Тогаш количината на кортизол е најниска и тогаш придобивката од кафето е најголема. Сепак, не се согласуваат сите со оваа теорија. Некои нутриционисти сметаат дека времето во кое ќе го испиете кафето е поважно од количината.
Но, сите се согласуваат со едно, а тоа е дека кафето не треба да го пиете доцна. Според една студија, кафето може да го поремети сонот дури и шест часа подоцна, иако врвот на неговото влијание е околу половина – до еден час после негова консумација.