Анкета: Поголемиот дел од Италијанците го сметаат Салвини за лидер, а не Конте

Анкета: Поголемиот дел од Италијанците го сметаат Салвини за лидер, а не Конте

Повеќето Италијанци го гледаат Матео Салвини, лидерот на антиимигрантската  Лигата „без влакна на јазикот”, како вистински шеф на владата, додека секој шести смета дека на премиерот, Џузепе Конте,таа улога „му лежи”, се наведува во резултати од анкета.

Месечното истражување, објавено од италијанскиот весник “Република”, покажува дека за 58% од испитаниците вистински лидер е Салвини, додека само 16% од Италијанците сметаат дека тоа е Конте, а 14% од лидер го сметаат Луиџи ди Мајо, кој е во првите редови на Движење пет ѕвезди,

Салвини и Ди Мајо се потпретседатели на коалициската влада на Конте, која ја презеде функцијата во јуни, што според истражувањето на Демос е поддржана од 58 проценти од испитаниците.

Треба да знаете
Последни објави