Индонезијски нуркач загина во акцијата за пронаоѓање на авионот на „ЛАјон Ер“ кој се урна пред неколку дена во Јаванското море, соопштија денеска официјални лица.
Според командантот на акцијата, нуркачот (48) починал поради декомпресија, иако бил искусен и учествувал во акцијата за пронаоѓање на авионот на „Ер Азија“ во 2014 година.
Како што е соопштено, тој неодамна се вратил од остроот Сулавези, каде што учествувал во спасувачките операции по катастрофалниот земјотрес и ерупции на вулканот.
Авионот „Боинг 737“ на „Лајонс Ер“ се урна во понеделникот на летот Џакарта – Пангкал Пинганг во Јаванското Море, а сите 189 патници загинаа.