Фудбалерите на „Баер Минхен“ повторно киксираа и освоија само бод на гостувањето во Фрајбург.
Натпреварот заврши 1:1, откако Баварците го скршија отпорот на десеткуваниот тим на „Фрајбург“, за кого не настапи половина од првиот тим поради повреди, во 80 минута. Тогаш „Баерн“ погоди преку Серж Гнабри, но Лукас Холер на минута пред крајот го погоди голот на гостите и му донесе реми на војот тим.
„Баерн“ сега има 20 поени, четири помалку од водечката „Борусија Дортмунд“, која славеше со 1:0 на гости кај „Волфсбург“. Единствениот погодок го постигна Марко Ројс во 28 минута.
Во другите натпревари „Хофенхајм“ дома го победи „Баер Леверкузен“ со 4:1, „Аугсбург“ и „Нирнберг“ одиграа 2:2, додека „Шалке“ го победи „Хановер“ со 3:1.