Полицијата изврши претрес во куќа во Тетово

Полицијата изврши претрес во куќа во Тетово

На 02.11.2018 година во 18.20 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес  во домот и помошните простории на М.О.(32) од Тетово, а во врска со пријава од неговата сопруга за нанесена телесна повреда.

Пред почеток на претресот, неговиот татко З.О. предал пиштол, една празна рамка, дозвола за поседување и носење на оружје на име Џ.О. и еден сигнален пиштол со празна рамка калибар 9мм. Тие биле одземени со потврда за привремено одземени предмети.

Треба да знаете
Последни објави