Претепано 15-годишно дете во Тетово
Вчера околу 21.30 часот во близина на ресторан на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, по завршување на прослава на годишнина од постоење на навивачка група, 15-годишник од Тетово, кој бил со неколку другари, физички бил нападнат од непознато лице кое било со група од повеќе други лица.
Малолетникот бил удрен по грбот, по што лицата побегнале.
Оштетено е изложно стакло на занаетчиски дуќан и патничко возило сопственост на А.М.(27) од Тетово.
СВР Тетово презема мерки за расчистување наслучајот.