Син ги почекал мајката и таткото да си легнал па тргнал да ги убие
Брачната двојка Рамирез последен пат е видена жива во четвртокот, а нивен роднина исчезнувањето го пријави во неделата навечер.
Веќе следниот ден Хосе Рамирез (21), син на професорката по англиски јазик Сузан Брил де Рамирез (63) и Антонио Рамирез Барон (63) кој работел во училишното одделение за информациони технологии, признал дека ги убил своите родители.
По два дена потрага, телата на родителите на Јосе се пронадени во вторникот во реката Спун. Момчето е уапсено, а обвинител изјави дека Хосе на своите пријатели често им зборел дека му е „доста од родителите“.
Момчето на сослушувањето рекло дека ги убил своите родители во петокот додека спиеле. Чекал да заспијат, а потоа влегол во нивната спална со бибер спреј, и со нож го избодел таткото во вратот и стомакот.
Мајката тогаш се разбудила, па ја избодел и неа. Потоа ги завиткал нивните тела во церада и шаторско крило, ги ставил во автомобилот на таткото и ги фрлил од мост оддалечен 65 километри од семејната куќа.
Со оглед дека не го познавал добро тоа подрачје, момчето не можело во полиција да ја даде точната локација. Во меѓувреме е уапсен и еден пријател на Хосе под обвинение дека ја попречувал истрагата.
Истражителите наведуваат дека немаат доказ дека бил вмешан, но веруваат дека знаел дека Рамирез си ги убил своите родители.