Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во одличен меч го совлада Роџер Федерер со 2:1 во полуфиналето на Мастерс турнирот во Париз. Ѓоковиќ славеше по три часа игра откако ги доби двата сета во тај брек 7:6 (8:6), 5:7, 7:6 (7:3).
Србинот дојде до 25 победа во кариерата од 47 одиграни против Швајцарецот за финале на турнирот против Русинот Карен Хачанов, кој го победи Доминик Тим од Австрија.Ове беше четвртта победа во низа за Ноле, а Федерер последен пат славеше против Србинот во 2015 година. Од понеделник Ѓоковиќ пак ќе биде број 1 на АТП листата.
Двајцата тенисери покажаа зошто нивното ривалство е едно од најголемите во историјата на тенисот. Ѓоковиќ имаше повеќе можности за брејк, но Федерер беше сигурен. Сепак, Швајцарецот на крајот на тај-брекот од третиот сет ја загуби сигурноста, па Ѓоковиќ славеше за своето петто финале во Париз, од кои освои четири.