Гацов: Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата
Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата, вели даночниот експерт Павле Гацов во интервју во вестите на телевизија Телма.
Според него, „софт решенијата“ со даноците завршуваат. Треба, како што додава, да се соберат повеќе пари, бидејќи Македонија собира премалку пари во однос на тоа што го троши.
– Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески спомнува дека ова ќе се одрази на намалување на платите, но тоа ќе биде кога во договорите за вработување ќе постои категорија бруто плата, тогаш ќе бидат афектирани работницте, односно ќе добијат помалку. Кој ќе биде виновен? – државата. И обратно, таму каде договорите се заштитени со нето плата, тогаш ќе биде нападнат профитот, што значи дека компаниите ќе губат…Според овој концепт, добитник е само државата, појаснува Гацов.