Договорот што денеска го потпишаа Вселенскиот патријарх Вартоломеј и претседателот на Украина Петро Порошенко не значи дека во Украина е формирана независна црква, изјави денеска портпаролот на Руската православна црква Владимир Легоида.
„Договорот меѓу државата Украина и Вселенската Патријаршија не значи создавање на Украинската Црква, рече Легоида“.
Претходно денеска Порошенко и Вселенскиот патријарх потпишаа договор за соработка со цел создавање на независна Украинска црква.
Порошенко изјави дека се исполнети сите услови за Украинската црква да добие автокефалност.