Фудбалерите на „Барселона“ беа пред шокантен пораз од претпоследниот „Рајо Ваљекано“, но со два гола во последните три минути успеа да ги однесе трите бода од гостувањто во преградието на Мадрид.
Каталонците поведоа уште во 11 минута со голот на Суарез, а по асистенција на Жорди Алба, кој избегна офсајд стапица на домаќините.
Радоста на „Барселона“ траеше кратко, откако во 35 минута Позо со прецизен удар го изедначи резултатот, а гостите останаа шокирани во 57 минута кога Гарсија со глава погои за водство.
Фудбалерите на „Барселона“ продолжија со нападите, па пресвртот се случи во последните три минути од натпреварот. Прво Дембеле погоди за израмнување, а во 90 минута Сузрез го постигна вториот свој гол и трет за Каталонците, по грешка на одбраната.
„Барселона“ со новите три бода има 24 и го зголеми водството на табелата пред „Атлетико Мадрид“, кој има 20 по ремиот денеска против „Легнес“.