Вознемирувачко: Очув се изживувал врз тригодишно дете, гасел цигари по него, мајката знаела и молчела
Страшни фотографии од тригодишно дете од Тајланд кое медиумите го претставија под името „Орт“ покажуваат ужасно физично насилство кое истрпело детето од очувот кој го тепал и сечел и по него гасел цигари.
Неиуменуваниот човек по апсењето е задржен во притвор, а кутрото дете задржано во Центарот за социјални работи.
Интересно е што првите фотографии за маченото дете ги направил фотограф кој случајно го забележал во кварт близу Бангкок, а кога фотографиите стигнаа на интернет станаа вирални, па властите лесно го најдоа детет и го спасија од канџите на болниот родител.

Таа објасни дека нејзиниот партнер, кој не му е татко на детето, инаку е наркоман кој веднаш по вселувањето станал насилен, а потоа го тепал и мачел детето на сите лоши можни начини.

Случајот го презеде Павена Хонгсакул Фондацијата, која се занимава со деца – жртви на семејно злоставување, а дете сега е одземено од мајката, а очувот е во протвор.