За четири години нови 7.500 деца ќе се вклучат во градинките, опфатот ќе се зголеми на 50 отсто

За четири години нови 7.500 деца ќе се вклучат во градинките, опфатот ќе се зголеми на 50 отсто

Седум илјади и петстотини деца ќе бидат вклучени во градинките во наредните четири години. Тоа ќе биде овозможено со проектот што го финансира Светска банка со 30 милиони евра за детска и социјална заштита, што ќе го спроведува Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска оцени дека со проектот и вклучувањето на овие 7.500 деца ќе се зголеми до 50 проценти вклучувaњето на децата од три до шест години во предучилишно образование што е индиктор во програмата на Владата.

Проектот е насочен кон подобрување на претшколското образование, зголемување на неговиот опфат, како и подобрување на квалитетотна социјалнат аи детската заштита.

Опфатот на децата во градинките во Македонија е околу 30 проценти и целта е опфатот да изнесува 50 проценти.

Проектот со Светска банка ќе се спроведува до 2024 година, а целта е покрај поголем опфат на децата и развој на нови стандарди за социјални услуги, интеграција на социјалните надоместоци и социјалните услуги, подобрување на стручниот капацитет на воспитувачите и на социјалните работниции промовирање на наставни методи во чиј центар е детето.

Во Македонија во 28 главно рурални општини нема државни градинки, а стапката на запишување на децата во предучилишно образование е шест пати поголема во однос на руралните подрачја.

Проектот ќе придонесе и за подобрување на човечкиот капитал и подобрување на вештините на што има влијание и предучилишното образование кое е важно за развојот на децата. Она во што треба да инвестираат земјите од регионот, вклучително и Македонија е токму развојот на човечкиот капитал, бидејќи податоците покажуваат дека потенцијалната продуктивност во просек во регионот се движи околу 65 отсто, додека во Македонија индексот е 0,53 проценти или 53 отсто од потенцијалната продуктивност. Во земјите од ЕУ потенцијалната продуктивност е 75 отсто.

Министерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата на која беше објавен почеток на проектот рече дека Македонија мора да инвестира во човечкиот капитал и дека токму тоа ја потврдува реформата што интензивно ја води Министерството, а тоа е директно вложување во социјалната заштита во оние коишто се најранливи, но исто така вложување и во предучилишно образование инфраструктурно, но и во зголемување на квалитетот и капацитетот на воспитувачите во градинките.

Училишното образование секаде во светот покажува дека ако инвестирате во првите пет години вие имате подобри резултати во основното, подобри резултати во средното и многу попродуктивни граѓани понатаму на пазарот на трудот.

Треба да знаете
Последни објави