Скопјанец ограбувал продавници во Центар

Полицијата уапсила скопјанец кој оргабувал продавници низ центарот на Скопје информираше МВР. Станува збор за Е.М.(21) против кого е поднесена кривична пријава за тешки кражби и една тешка кражба во обид. Осомничениот од кражбите заработил околу 147.200 денари.

Според полицијата, Е.М. ги извршил делата во периодот од август до октомври годинава на подрачјето на општина Центар каде со употреба на сила и погоден алат влегувал во продавници, книжарница и една приватна фирма од каде одземал пари, платежни картички и други предмети.

По преземени мерки и активности, на 28 октомври е приведен во полициската станица на Бит пазар. Тој ги признал делата и ги посочил местата каде се наоѓаат дел од одземените предмети.

Треба да знаете
Последни објави