СДСМ сака да го забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, но имотот и средствата не ја правата идејата и од дома ќе ги победиме!
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 коментирајќи го замрзнувањето на имотот на партијата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е пред се идеја, а партијата не ја прави имотот и средствата. Според него и без имот и без средства партијата ќе го порази Зоран Заев на следните избори, работејќи од дома, од улици и од плоштади.
-По однос на имотот на партијата треба да знаат овие кои што нарачуваат вакви судски одлуки дека ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме пред се идеја и дека партијата не ја прави имотот, можат да го земат цел, ќе работиме од дома ќе работиме на улици на плоштади ќе се енергизираме ќе го собереме народот со нас и пак ќе ги победиме на избори. Така што имотот и средствата не прават една идеја и не прават едно движење, а на крај и политичка партија. Тоа го прави вербата во идејата која што ја имате . Така што сме спремни да работиме од дома и од дома да ги победиме, вели тој.
Понатаму коментирајќи го замрзнувањето на имотот тој забележа дека ова е тотален судски преседан бидејќи судот веќе еднаш донел спротивна одлука , а новата одлука е донесена под политички притисок на власта со цел уништување на партијата.
-Треба јавноста да знае дека ова е тотален судски преседан каде што на еднаш веќе донесена одлука се носи повторно одлука. Имено на предлог на СЈО уште минатата година имаше предлог да се замрзне имотот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој предлог беше одбиен од судот, во меѓувреме нема никаква нова активност во смисла на обвинение или судски процес и судот буквално од нигде никаде решава на ничие барање да го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, што самото говори дека тоа се прави со политичка цел. А политичката цел е тие да мислат дека ако го замрзнат имотот на ВМРО-ДПМНЕ и ние не можеме да го користиме или да го даваме под наем како би можеле да оствариме приход за партијата, дека на тој начин ќе ја уништат партијата, истакна тој.
Николоски ја потсети јавноста и на претходните свои изјави во кои ја обвинуваше власта за обид за уништување на најголемата опозициска партија.
– Јас кажав пред референдумот во два ТВ дуели и со Радмила Шекеринска и со Никола Димитров дека крајна цел на СДСМ е да поведе судски процес против партијата ВМРО-ДПМНЕ и преку своите инсталации во судството и обвинителството да го забранат делувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само меѓу чекор, додаде Николоски.
За крај тој порача дека во најголем дел од функционирањето на ВМРО тоа било забрането како во комунизмот и во кралска Југославија така и во Отоманско време и не само што преживеало туку и победило, па тој истакна дека и сега ќе победи ВМРО.
-Логичниот след кој што се случува врз основа на сите информации што ги имаме. По две линии планираат да го забранат дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Прво формално да се отвори процес против политичката партија, против истакнати луѓе на партијата, во моментов преку 300 луѓе се под прогон кој што би резуртирал со забрана на политичко дејствување на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од две години нагоре. И второ е носење на Закон во Собранието на Република Македонија со кој што ќе се забрани да се користи терминот ВМРО, да се користи како име на политичка партија. Имам следно да им порачам, во најголем дел од функционирањето на ВМРО тоа било забрането и во комунизмот и во кралска Југославија и во Отоманско време и не само што преживеало туку и победило и сега ќе ги победиме. Без разлика како одат како независни ќе се кандидираме на следни избори ќе одиме на независни листи и ќе ги победиме, потенцираше тој.