Јанакиески: Нека најде 5 души да гласаат за нас, ние сме ја вработиле
Со слушање на прислушувани разговори од 2013 продолжи судењето за случајот „Титаник“ во кој на поранешниот премиер Никола Груевски и на уште 20 лица им се суди за изборните нерегуларности.
Во една од „бомбите“ соговорничка на Јанакиески му вели дека ја нашла жената за која ѝ била дадена задача , која била правник и “заебан играч”.
По ова, соговорничката го прашува Јанакиески што треба да направи, а тој ѝ вели да ѝ каже да најде 5 лица да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ оти тие ја вработиле.



