Адвокатите на Груевски и Јанакиески казнети со по 1.000 евра

Адвокатите на Груевски и Јанакиески казнети со по 1.000 евра

За недоаѓање на процесот Насилства и шамари во Центар, судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1 ги казни адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, Димитар Дангов и Боро Тасевски, со по 1.000 евра. Иста казна доби и адвокатот на обвинетиот Миле Јанакиески, Стерјо Зиков.

Обвинителката Фатиме Фетаи ги замоли обвинетите да биде сослушан само еден сведок во отсуство на нивните бранители бидејќи ќе патува во странство и 6 месеци ќе ја нема, но тие одбија.

„Не може мене да ми биде адвокат кој се нашол овде. Јас си имам адвокат што го следи овој процес“, рече обвинетиот Никола Груевски, пренесе СДК.

Треба да знаете
Последни објави