Актерката Дајан Кругер стана мајка на 42 години

Познатата актерка Дајан Кругер на 42 години на свет го донесе своето прво дете. Кругер роди девојче.

Актерката е во врска со славниот актер Норман Ридус, ѕвезда на популарна серија . Во врска се 3 години, а за првпат се појавија заедно на доделувањето на Златните глобуси јануари годинава.

Претходно, Кругер беше во врска со канадскиот актер Џошуа Џексон. Ова е нејзиното прво дете, додека Норман има 19-годишен син од бракот со манекенката Хелена Кристенсен.

Треба да знаете
Последни објави