Во велешката болница 40 години старата нефункционална кујна ќе се продава на јавна аукција електронски
Старата дотраена кујна на болницата во Велес, што трета година не функционира, ќе се продава на јавна аукција преку електронскиот систем на Министерството за финансии за што претходно е добиена согласност од Владата, информираат од ЈЗУ Општа болница – Велес.
-Согласно позитивните законски прописи, истата се проценува од страна на овластен проценител, со што се определува почетна цена за јавна аукција преку електронскиот систем на Министерството за финансии,а целокупната процедура е во тек,потенцираат од ЈЗУ Општа болница Велес.
Тие појаснуваат дека станува збор за опрема на кујна постара од 40 годии, а самиот објект на болницата е од 1965 година.
Тие информираат дека ЈЗУ Општа болница Велес, во 2014 година врз основ на извршениот увид од страна на Одделение по хигиена и здравствена екологија при ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, било констатирано дека согласно Програмата за јавно здравје на Република Македонија, хигиенските и градежни карактеристики на просториите за прием на суровини и подготовка на храна не се во согласност со општите барања за производство на безбедна храна.
Поради тоа Управниот одбор на ЈЗУ Општа болница Велес 17 Јуни 2014 година донел Одлука за престанок со работа на кујната во ЈЗУ Општа болница Велес.
Воедно појаснуваат дека Одлуката за престанок на работа на кујната на болницата е реализирана во 2016 година,а со Постапка за јавна набавка на готова храна за пациетите во болницата, од надворешен економски оператор, а со што оттогаш од 2016 година, опремата на кујната е ставена вон употреба.
Од ЈЗУ Општа болница Велес информираат дека за оваа постапка со опремата на болничката кујна од поедини портали и лица со изнесување лаги и невистини им се нарушува угледот и најавуваат дека ќе преземат законски мерки.