Гостивар на нозе: Девојче падна во Вардар бегајќи од кучиња скитници
Екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари започнаа потрага по девојче кое паднало во водите на Вардар во Гостивар.
Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во блзиина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организрано пребарување на коритото на Вардар.
Екипи го пребаруваат теренот по течението на Вардар до селото Балиндол.
Засега не е познат идентитетот ниту возраста на девојчето, а во меѓувреме од ЕЛЕМ е побарано да го намали нивото на водата за да биде полесно пребарувањето кое сé уште е во тек.