Мохамед Салах во родниот Египет добил статуа, но далеку од тоа дека таа е ремек дело. Со брзина на светлината станала предмет на исмејување на социјалните мрежи, а ја прогласиле и за полоша од таа на Роналдо.
Легендарната биста на Роналдо од аеродромот во португалска Мадеира би можела да биде целосно заборавена по ремек-делото на египетски уметник. Тој ја изложил статуата на Мохамед Салах, а не било потребно многу да стане предмет на потсмев на социјалните мрежи. Мо Слах, кој минатата година го воодушеви фудбалскиот свет со 32 гола во дебитантската сезона воЛиверпул, прикажан е во својата препознатлива поза – како со раширени нозе слави погодок. Само, проблемот е во тоа што скулптурата воопшто не личи на него.На социјалните мрежи го споредиле со пејачот Арт Гарфанкел и Марв од легендарниот божиќен филм “Сам дома”. уште еден е прилично нејасен – зошто Салах има тело на 8-годишник?