Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално се врати на првото место на ранг-листата на тениски професионалци.
Пред точно две години Ѓоковиќ последен пат беше на чело на АТП, а пред само четири месеци беше на 22. место.
Во последните неколку месеци Новак Ѓоковиќ се врати во препознатливата форма и освои неколку важни АТП турнири, со што успеа не само да се доближи, туку и да се искачи на врвот на АТП листата. Неговиот главен конкурент, Рафаел Надал, се откажа од турнирот во Париз и без борба му ја препушти првата позиција на Србинот.
Тенисери во ТОП 10 на најновата ранг листа што АТП ја објави денеска:
1. (2) Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.045 поени
2. (1) Рафаел Надал (Шпанија) 7.480
3. (3) Роџер Федерер (Швајцарија) 6.020
4. (4), Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) 5.300
5. (5) Александар Зверев (Германија) 5.085
6 (6), Кевин Андерсон (Јужна Африка) 4.310
7. (7) Марин Чилиќ (Хрватска) 4.050
8. (8) Доминик Тим (Австрија) 3.895
9. (11) Кеи Нишикори (Јапонија) 3.390
10. (9) Џон Изнер (САД) 3.425 …