Експертите пресудија: Ова се трите најдобри билки за секој дом

Доколку сте тип на личност која купува растенија за домот само затоа што ви се допаѓаат, имаме лоши вести за вас – не сите видови на цвеќиња успеваат во исто опкружување.

Една од причините за тоа е што просториите во вашиот дом се исполнети со различен извор на светлина. Затоа, експертите  издвојуваат три билки кои можат да се прилагодат во вашите животни простории.

Ѓаволскиот бршлен е идеален за вашето купатило, бидејќи го навлажнува и прочистува воздухот од токсичните честички, што е посебна добробит во претстојните зимски денови. Ова растение бара сенковито но светло место и редовно полевање.

Фикусот бенџамин ги отстранува токсините и ја зголемува количината на кислород па заради тоа би требало да го чувате во спалната соба. Освен тоа, тој има интересен изглед и е едноставен за одгледување. Со тоа што оваа билка се чува на подот, избегнувајте ја доколку имате подно греење.

Дрвото на парите , симболизира среќа, па затоа се препорачува да ја чувате во ходникот каде се поздравувате со луѓето кои влегуваат во вашиот дом. Растението може да достигне висина и до еден и пол метар. Според Фенг шуито, ова растение носи пари и ја привлекува енергијата на богатството.

Треба да знаете
Последни објави