Со нож ограбил малолетник

Разбојник со нож ограбил малолетник, вчера во скопската населба Гази Баба.

Според полицијата, разбојништвото се случило во 18 часот на автобуска станица на улицата Коце Металец. Тогаш разбојникот со нож му се заканил на П.М.(18) од Скопје, по што му одзел ланче и му нанел повреда.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави