Неколку лица се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје откако јаделе во фабричката менза на една голема скопска компанија- дознава 24 инфо од свои извори. Според истите извори инспектори од Агенцијата за храна веќе се на терен и го проверуваат објектот и земаат мостри.
„По добиеното известување од Центарот за јавно здравје дека неколку работници во скопска фабрика за производство на пиво и сокови се затруле со храна, екипа од инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Центарот за јавно здравје Скопје, вршат вонредна инспекциска контрола во мензата. Целта на контролата е утврдување на евентуалниот причинител на труењето. Од страна на инспекциските служби, земени ќе бидат мостри од храната која се подготвувала/послужувала како оброк за вработените, како и брисеви од работните површини и од вработените во мензата. Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена, велат од АХВ“.
(В.А.)