Ракометарите на „Вардар“ рутински го победија „Некс“ со 31:26, откако во претходните две кола во СЕХА лигата загуби од „ППД Загреб“ и „Мешков Брест“.
Во текот на сите 60 минути Вардар одработи доволно за да дојде до триумф, а сите ракометари кои беа на теренот дадоа еднаков придонес за новата победа во СЕХА. Ова беше шеста победа на „црвено-црните“ сезонава. Во таборот на „Вардар“ за оваа средба недостасуваа Мораес, Борозан и Оцивкр.
Најефикасни кај домаќините беа Тимур Дибиров и Данил Шишкарев со по четири гола, а Милосављев и Гедбане имаа вкупно осум одбрани заедно. Кај „Нексе“ најефикасен беше Шипиќ со пет погодоци.
Ова беше шеста победа за Вардар во осум меча во СЕХА, со што се искачи на втората позиција со ист број бодови како „Нексе“, но со подобра гол разлика. Прв на табелата е „Загреб“ со три бода повеќе од „Вардар“.
Фото: Слободан Ѓуриќ