Груевски на фејсбук го цитираше Иво Андриќ
Експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи сподели цитат од југословенскиот писател и добитник на Нобеловата награда за литература Иво Андриќ.
„Беден е оној кој мора некого да понижи за да се издигне себеси“, пишува во објавата на Груевски.
Адвокатите на експремиерот Никола Груевски, осуден на двегодишна затворска казна за случајот со набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 000 евра, вчера поднеле жалба до кривичниот совет за одложување на издржувањето на казната. Доколку кривичниот совет го одбие и ова барање, Груевски ќе мора да се пријави во затворот во Шуто Оризари.