Бременоста на Меган Маркл веќе со недели ги полни страниците на британските таблоиди, а обожавателите на кралското семејство сакаат да го знаат секој детаљ. Новинарите деноноќно го проучуваат изгледот на војвотката од Сасекс при секое појавување, а таа сè повеќе не го крие трудничкото стомаче.
Многу обожаватели на британското кралско семејство, како и новинарите, забележале дека Меган и Кејт носат кратки здолништа за време на бременоста. Со оглед на тоа дека според кралскиот протокол не е дозволено да се носат кратки здолништа, оваа промена е очигледна за време на бременоста.
Кејт за време на сите три бремености повеќе ги покажуваше нозете, но носела и кратки ракави, а истото го прави и Меган. Тоа го потврди една од омилените дизајнерки на Кејт Мидлтон.
“Тоа е добар трик за фигурата да изгледа подобро”, вели дизајнерката и додава дека кралските жени ги носат кратките здолништа со потемни хулахопки.
Со оглед на тоа дека Меган ќе биде бремена во зимскиот период, веројатно ќе ја гледаме во кратки здолништа со дебели хулахопки.