Фудбалерите на „Црвена Звезда“ го направија најголемото изненадување сезонава во Лигата на шампиони откако на преполниот стадион „Рајко Митиќ“ го победија „Ливерпул“ со 2:0.
Вицешампионот на Европа, кој лан го постави новиот рекорд според постигнати голови во ЛШ и кој речиси нема натпревар без постигнт гол, не ја затресе мрежата на домаќините.
Мечот беше решен во првото полувреме во кое јунакот на „Звезда“, Милан Павков постигна два гола, првиот во 22, а вториот во 29 минута. Вториот гол беше мало ремек дело, откако од околу 30 метри неодбранливо биеше кон голот на Алисон, кој беше премногу излезен и не можеше да го покрие аголот.
„Ливерпул“ во второто полувреме тргна поофанзивно, Фирмињо влезе наместо Даниел Стариџ, како и Џо Гомез на местото на Александер Арнолд. Сепак, гостите освен јалова иницијатива не создадоа посериозни шанси.