Кои се првите знаци на дијабетес?

Дијабетес не е само обична болест, туку се дели на три различни типови. Најголемиот број луѓе боледуваат од тип 2 дијабетес, кој настанува кога вашето тело не знае да го искористи инсулинот и со самото тоа не може да го стабилизира шеќерот во крвта. Меѓутоа, сите три типа можат да се откријат преку тестирање на крвта или преку неколку симболични симптоми.

Доколку постојано имате потреба да одите во тоалет или пак сте постојано жедни, можно е да имате некој од трите типа на дијабетес. Доколку често сте дехидрирани или пак се будите навечер за да одите по мала нужда, тогаш време е да посетите доктор.

Дехидрацијата која доаѓа со дијабетесот ја суши устата, па поради тоа е можно да имате лош здив.

Ако често ви се лоши или гледате матно, веројатно имате проблем со недостаток на шеќер во крвта. При стабилизирање на шеќерот во крвта, видот веројатно ќе ви се врати во нормала.

Трнењето на нозете и рацете често укажува на некој од трите типа на дијабетес. Дијабетесот го отежнува протокот на крв и помага во креирањето на бактерии и инфекции во крвта, па така го подига нивото на холестерол и крвниот притисок. Поради истата оваа причина можно е раните и гребаниците побавно да ви заздравуваат, бидејќи крвта потешко тече низ организмот.

Неочекуваното губење на килограми и чувството на ненаспаност исто така припаѓаат во низата на лоши знаци на кои треба да внимавате. Ако спиете доволно часови дневно, но не се чувствувате наспани, проверете ја состојбата на шеќер во крвта.

Треба да знаете
Последни објави