Одземен пасошот на Роналдињо, на сметката има само 6 евра

Судот во Бразил нареди да се одземе пасошот на легендарниот фудбалер Роналдињо, поради неплатени долгови во износ од 2 милиони евра.

Во процесот на наплата на долговите проверена е тековната сметка на фудбалерот при што е откриено дека има само 6 евра.

Роналдињо и брат му се осудени и казнети поради илегална градба на забрането подрачје, а заплената на нивниот имот не беше доволна за помирување на долговите кои во текот на 4 години се зголемија поради каматата.

Привремено е одземен пасошот на Роналдињо бидејќи судијата задолжен за случајот очекува славниот фудбалер наскоро да добие добра парична награда од познат бренд кои неодамна во продажба пуштија патики со неговото име.

Роналдињо треба да игра на 17 ноември во Франкфурт, но како тоа ќе го изведе без пасош останува да видиме.

Треба да знаете
Последни објави