Почна рокот за поднесување барање за финансиска поддршка од еден денар за произведено и продадено грозје од сортите „вранец“ и „смедеревка“ во регистриран капацитет за производство на вино во Македонија, соопшти денеска Платежната агенција.
Агенцијата информира дека земјоделците кои ги исполнуваат условите, може да ги поднесат барањата по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство најдоцна до 25 декември. Заедно со барањето, земјоделците треба да достават и потврда за откупено грозје, издадена од регистриран капацитет за производство на вино.