Сончево со слаб ветер и со температура до 24 степени

Времето ќе биде претежно сончево со мала висока облачност и со слаб, а на повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Максималната температурата ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно сончево со со мала, но висока облачност и со слаб ветер претежно југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 22 степена.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска слаба магла. Температурата ќе има тенденција на постепено опаѓање. Во среда кон крајот на денот и во четврток ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд.

Треба да знаете
Последни објави