Дваесет и девет дела создадени во изминатите пет години, од еден од најреномираните македонски уметници Илија Пенушлиски се дел од изложбата, која се отвори вечерва во Културно-информативниот центар.
Верувам дека ова се најоптимистичните слики кои сум ги насликал, вели Пенушлиски во чие богато и разнолико творештво се вбројуваат голем број изложби во Европа и САД.
Делата во техниката акрилик на платно се создадени во изминатите пет години. Последната негова изложба во Македонија беше пред десетина години, исто така во КИЦ.
Пенушлиски е роден во Скопје, дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, а постдипломски студии завршил на институтот „Прат“ во Њујорк како Фулбрајтов стипендист. Досега има организирано бројни самостојни и групни изложби во Европа и САД.
Фото: Слободан Ѓуриќ