Легендарниот пејач на групата Аеросмит, Стивен Тајлер, со интернет курс од 80 долари стана свештеник кој има дозвола да венчава парови. Тој откри дека неговите услуги чинат 200 долари и дека тоа е минималната цена.
Статусот на свештеник Тајлер го оствари преку онлајн црковна заедница која нуди можност за луѓе од различни култури, вероисповеди и убедувања. Од нив доби сертификат, а веќе минатиот викенд помогна за размена на завети на неговиот син и свршеницата.
Членовите на Аеросмит веќе ја потврдија веста дека 50-годишнината ќе ја прослават со низа настапи во Лас Вегас. Турнејата со 18 концерти ќе започне од 6 април 2019 година.