Упадот во А1 бил клучен во одлуката да се извадат и предадат прислушуваните разговори

Упадот во А1 бил клучен во одлуката да се извадат и предадат прислушуваните разговори

Главен тригер кој го убеди Звонко Костовски дека мора да се извадат телефонските разговори е настанот кога со полиција се направи упад во телевизијата А1. Ова значеше дека на власт е семоќна структура која доколку продолжи така нема да може да се контролира, сведочи свиркачот Ѓорги Лазаревски кој заедно со Звонко Костовски ги извади незаконски прислушуваните разговори од МВР.

„Звонко исто како мене сметаше дека нешто треба да се стори за да не се злоупотребуваат системите кои треба да служат за безбедност, а не за набавување информации од граѓаните. Додека јас и Звонко проучивме начин како може да се вадат податоци се случи поврзувањето со Верушевски кој што долги години не живееше тука односно беше на дипломатска мисија во Рим“, вели Лазаревски.

На средба со Верушевски, Лазаревски вели дека кон него бил отворен и му кажал какви размислувања има. На ова Верушевски одговорил дека информациите мора да се зачуваат и анализираат.

Лазаревски истакна дека до тој момент немале некоја значајна бројка на експортирани информации, односно дека вистинското вадење започнало откако бил воспоставен контакт со Верушевски.

Предавањето на првиот диск кој Звонко му го дал на Лазаревски се случило во ходниците на МВР. Лазаревски веднаш потоа му го дал на Верушевски. Потоа следеле повеќе предавања на дискови во период од една година, а потоа се префрлиле на „усб“ стикови. Свиркачите направиле база на податоци која ја крстиле Алес и за кратко време станала доста голема.

Треба да знаете
Последни објави