Претставничкиот дом на САД ќе добие демократското мнозинство, додека републиканците nна претседателот на САД, Доналд Трамп ја задржаа контролата на Сенатот, објавија американските медиуми. Ваквите резултати се во согласност со предизборните анкети и анализи.
Републиканците досега го контролираа Конгресот. Во Сенатот имаа тесно мнозинство (51 републикански и 49 демократски сенатор), и повисок број претставнци во Домот на претставници 236 спроти 193 демократски, со шест празни места). Целосниот состав на Претставничкиот дом и Сенатот ќе биде познат само по затворањето на избирачките места низ целата земја.
Проценките се дека демократите ќе добијат 229 места, а републиканци 206 во Претставничкиот дом.
Иако демократите остварија голема победа со преземање на овој дом, се проценува дека нема да има „анти-трамп-бран”. Голема победа за републиканците, пак, е сенаторот Тед Круз кој во тесна трка го победи демократот Бет О’Рурк, ѕвездата на овие избори во чија кампања беа инвестирани огромни пари. Победата на Круз им овозможи на републиканците да го задржат клучното место за одржување на мнозинството во Сенатот.
На изборите кои традиционално се одржуваат во средината на мандатот на сегашниот претседател, се бираат 435 членови на Претставничкиот дом, 35 од 100 членови на Сенатот и 36 од 50 државни гувернери, како и бројни други државни и локални функционери.
Американците ја добија досега најмладата жена во Конгресот, Александрија Окасио-Кортез (29), демократ од Њујорк, која е избрана за член на Претставничкиот дом. Изненадување е Ајана Пресли од Бостон- 44-годишен демократ првата црна жена што ќе го претставува Масачусетс во Конгресот. Демократот од Канзас, Шарик Дејвидс, е првиот американски индијанец избран во Конгресот.
Гласачите во Минесота и Мичиген ги избраа првите две муслимански, поранешната бегалка од Сомалија ,Илхан Омар, како и Палестинката Рашид Тлаиб родена во Детроит. Државата Колорадо го избра првиот гувернер хомосексуалец, демократ Џаред Полис.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс – Грег Пенс – влезе во Претставничкиот дом, претставувајќи конзерватив кој се бори против абортусот и носи оружје. Тој го инспирира, како што вели, претседателот Трамп.
Новите избрани пратеници ќе го започнат својот мандат на 1 јануари 2019 година. Овие избори се сметаат за почеток на изборната кампања на Трамп за 2020 година.